Овој лепак се лепи кога е изложен на една бранова должина на светлина и се распаѓа под друга. Истовремено, тој делува ефикасно дури и под вода.
Научници од јапонскиот Национален институт за наука за материјали го создадоа ова лепило. Функцијата за лепење на една бранова должина, а распаѓање на друга овозможува лесно отстранување и повторно користење. Клучната состојка на лепилото е кофеинската киселина, која може да формира и раскине вкрстени врски под влијание на различни бранови должини на светлината.
Во овој случај, тимот направил полимер кој содржи кофеинска киселина, го нанел на површина и го изложил на УВ-светлина со бранова должина од 365 нанометри. Облогата се стврднува на собна температура. Кога повеќе не е потребен, лепакот може да биде изложен на УВ-светлина од 254 нанометри, која ги раскинува вкрстените врски и ја враќа во првобитната состојба. На овој начин, филмот не остава никакви траги на површината на која е залепен и не губи ниту едно од неговите лепливи својства, и во суштина може повторно да се користи како нов.
Истражувачите го подложиле лепилото на низа тестови, вклучувајќи виткање на примерокот повеќекратно и кревање предмет тежок 40 килограми, што лепилото успеало да го одржи до 72 часа без никакви знаци на оштетување. Во тестовите го користеле лепакот и за поправка на испуканите силиконски цевки, а потоа под висок притисок протекувале вода низ нив и не забележале протекување. Било покажано и дека лепилото е ефикасно и под вода.
Овој материјал може да има широк опсег на примени, што ќе им овозможи на производите полесно да се разложат на компоненти на крајот од нивниот работен век и понатаму да се трансформираат во нови производи.
Извор:
Gradnja
Насловна фотографија: Pixabay