X
 13.09.2022 Образование

Универзитетот „Колумбија“ признава дека доставил неточни податоци за рангирањето на колеџот

Универзитетот „Колумбија“ објави соопштение во кое презема одговорност за доставување неточни податоци собрани со „застарени и/или неточни методологии“ до „Ју-ес њуз & Ворлд репорт“ за нивната ранг-листа на колеџи во 2021 година.

Професорот по математика Мајкл Тадеус од „Колумбија“ првпат ја доведе во прашање положбата на универзитетот во февруари. Факултетот од „Ајви лигата“ имаше огромен пораст од дебитантското 18. место во 1988 година на 2. место во 2021 година. Тадеус објави изјава на веб-страницата на Одделот за математика при Универзитетот „Колумбија“ истакнувајќи дека неколку други универзитети од највисоко ниво го подобриле својот пласман, но ниту еден не се совпаѓа со извонредниот подем на „Колумбија“.

Тадеус го поврза подобрувањето на ранг-листата на „Колумбија“ со податоците доставени до „Ју-ес њуз“. Тој заклучи дека податоците не го одразуваат точно искуството од учењето на универзитетот и бројките што „Колумбија“ ги објавил на друго место. Наводно Тадеус ги испитал податоците за големината на класовите, процентот на факултетот со терминални дипломи, процентот на редовни факултети и односот студент-факултет и заклучил дека се чини дека значајните несовпаѓања даваат позитивна слика за универзитетот.

Професорката Мери Бојс, која работи на Универзитетот „Колумбија“, во изјава во јуни кажа дека универзитетот ќе се воздржи од поднесување податоци до „Ју-ес њуз & Ворлд рипорт“ за објавите за рангирањето на додипломските колеџи за 2022 година.

Извор: News.yahoo.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование