X
 18.09.2021 Образование

Студентските долгови им се простуваат само на 2 отсто од кандидатите во САД

Во 2007 година американскиот Конгрес ја усвоил одлуката со која им се простуваат студентските долгови на вработените во јавната администрација - полициски службеници, наставници, пожарникари, лекари и други медицински работници, како и на сите други работници во непрофитниот сектор. Оние што се пријавуваат за простување на студентскиот долг мора да работат во јавниот сектор, но и претходно да имаат отплатено 120 месечни рати од кредитот.

Сепак, дури и доколку студентите ги исполнуваат овие услови, тоа може да не биде доволно за да им се прости долгот. Како што пишува „Форбс“, дури 98 отсто од барањата за простување на студентските долгови во последниве две години биле одбиени.


Фото: Pixabay

Конгресот се обидел да го реши проблемот со воведување привремено простување на долгот, но ниту тоа не било успешно решение бидејќи во таа програма биле одобрени само 3 отсто од барањата.

Истражување од организацијата ПХЕАА покажува дека трендот на одбивање на барањата за простување долгови ќе продолжи. Се очекува до 2026 да бидат одбиени дури 80 отсто од барањата. Само еден во петмина ќе добијат одобрување на барањето за простување на студентскиот долг до оваа година. Дотогаш се очекува над 1,2 милион луѓе да поднесат барање за простување на долгот.

Извор: Studentski | Forbes
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование