Губењето на когнитивните способности од неодамна речиси претставува секојдневие во Флинт, Мичиген, кадешто јавниот водовод содржи олово.
Елементот се појавил кон средината на 2014 година откако финансискиот сектор го сменил изворот на градскиот водовод кон реката за да заштеди. Водата ги оштетила цевките, кои започнале да испуштаат олово, иако подоцна изворот бил променет.
Властите знаеле за проблемот од почетокот на 2015, но ги игнорирале сите жалби сè додека новинари, научници, доктори и федерални власти започнале да зборуваат за проблемот оваа есен. Во јануари годинава, претседателот Барак Обама прогласи вонредна состојба.
Жителите на Флинт, во меѓувреме, се прашуваат едно прашање: Дали беше до водата? Жената која го изгубила бебето, родителот со хендикепирано новороденче, постарите луѓе со проблеми со црниот дроб - сите се прашуваат дали здравствените проблеми кои им се појавуваат се предизвикани од заразената вода.
Експертите велат дека секое количество олово внесено орално е штетно, особено за децата. Капењето во вода која содржи олово е безбедно доколку не се голтне вода, миењето садови е безбедно доколку секој сад потоа се избрише додека не се отстрани секој остаток од олово. Филтерите може да го отстранат оловото, но треба да се сертифицирани за таа цел.
Во меѓувреме, повеќето жители на Флинт користат флаширана вода, не само за пиење, туку и за капење. Докторите во Флинт им го препорачуваат истото на
своите пациенти.