Консултантската компанија „Arcadis“ го објави извештајот за најодржливите градови во светот. Компанијата рангираше 100 глобални градови низ три сектори на одржливост: луѓе, планета и профит.
Во извештајот „
Sustainable Cities Index 2016: Putting people at the heart of city sustainability“ компанијата ги стави луѓето во центарот на одржливост на еден град и ги рангира сите градови во светот според богатството и економската одржливост.
Извештајот во основа ја испитува ефикасноста на градот од бизнис перспектива, комбинирајќи ги мерките кои се индикатори дека градот е економски здрав:
Транспортна инфраструктура
Леснотија во водење бизнис
Туризам
БДП по глава на жител
Важноста на градот во глобалните економски мрежи
Поврзување во однос на мобилниот и широкопојасниот пристап
Стапката на вработеност
Се разбира, градовите кои се сметаат за глобални финансиски центри беа рангирани на високо место со оглед на тоа што имаат тенденција да бидат најпросперитетни и да имаат високо развиена инфраструктура. Овие градови се најдоа на врвот.
Линк до галеријата.