X
 18.09.2026 Живот

Барби од иднината веќе постои, а со неа пристигнува и роботска мачка


Барби ги преживеа речиси сите трендови. Прво ја менуваше бојата на косата, па бојата на кожата, потоа фризурите, а потоа и тежината, стилот и професиите. Од класична русокоса до безброј различни верзии, Барби секогаш се приспособуваше на времето и на трендовите.

Таа и овој пат го прави истото и заминува во иднината. Новата кукла добива роботски изглед и роботска мачка како домашно милениче. Осмислена е така што изгледа како ликовите од аниме цртаните филмови. Има „роботски“ костим, слушалки, долга руса коса и издолжено лице. Има и 13 зглобни точки, додека роботската мачка што доаѓа со барбиката има шест.

Компанијата „Мател Криејшнс“ ѝ ја довери новата верзија на најпознатата кукла на Јун Ан, корејско-американска дизајнерка и основачка на брендот „Амбуш“. Јун дипломирала графички дизајн на Универзитетот во Бостон во 2000 година, а на јавноста ѝ е позната и како директорка за дизајн на машки накит во компанијата „Диор“.

- Се здруживме со дизајнерката Јун Ан, која не признава жанровски граници, за да оживееме една од нашите најнеобични кукли досега. Тоа беше истражување за тоа како би можела да изгледа Барби на иднината. Инспирирана од аниме, уличниот стил и препознатливата визија на Јун, оваа Барби во роботски стил и нејзината роботска мачка ги спојуваат чистите, минималистички линии со уметнички, технолошки изглед. Заедно прават двојка каква што досега не сме направиле - истакнаа од компанијата „Мател Криејшнс“.



Јун истакна дека Барби за неа била важен дел од детството и прв начин да се внесе во различни улоги, да си игра со пријателите и преку неа да ги проживее сите фантазии и соништа што ги имала.

-Инспирација за мојата Барби беше идејата за тоа како Барби би изгледала во иднината, девојчињата да замислат како би можела да изгледа иднината и колку технологијата и сè што таа носи станува голем дел од нашиот свет. Навистина ми е голема чест. Сакам оваа Барби да ги инспирира девојчињата да размислуваат пошироко и да сонуваат поголеми соништа - истакна Јун.

Продажба на почетокот на септември

Куклата е дел од колекцијата „Барби сигначери“. Доаѓа во модерно пакување со сертификат за автентичност и тоа ќе биде ограничено, лимитирано издание на компанијата „Мател Криејшнс“.

На веб-страницата на компанијата започна одбројувањето до „лансирањето“ на куклата и според информациите од порталот, достапна е за купување од 4 септември.

Цената што моментално е истакната на порталот е 130 евра.

Извор: forbes
Фото: принтскрин/инстаграм
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот