X
 15.01.2016 Образование

Од што зависи иднината на образованието?

Дали некогаш сте се прашувале дали образованието игра улога во напредоците во борбата против некои болести или колку новите технологии го менуваат начинот на кој учениците размислуваат и учат? Организацијата за економска соработка и развој спровела ново истражување за трендовите кои го обликуваат образованието.


Во рамките на истражувањето се гледало на социјалните, демографски, економски и технолошки трендови кои влијаат на образованието и неговата иднина. Целосниот извештај ќе биде објавен на 18 јануари, а на блогот беше објавен краток поглед во најважните откритија.

Урбаниот начин на живот, кој е попопуларен денес, има особено големо влијание врз образованието. Бројот на населението кое живее во урбани региони пораснал за 20% од 1960 до 2013 година.

Друг тренд е порастот на паметниот превоз. Од времето кога бил отворен првиот метро-систем, се забележува постојан раст во бројот и облиците на јавен транспорт. Сега се забележува популарност на услуги кои го намалуваат загадувањето и ја зголемуваат флексибилноста, како електричните автомобили или велосипедите.

Образованието може и има улога во сето ова, преку учејќи за цивилното однесување, обезбедувањето на вештините потребни за живот во општеството и поддржување на креативноста и иновативноста низ целиот живот. Дизајнирањето урбани региони и зголемувањето на јавниот транспорт ќе бара архитекти и инженери, а училиштата ќе бидат одговорни за обезбедување на безбедноста на студентите. Училиштата треба да бидат подотвени за адаптирање и растење заедно со урбаните околини.

Меѓу другите теми кои се споменуваат од истражувањето се глобалните трендови како миграцијата и климатските промени; националните трендови како здравјето и финансиите; семејните трендови како развој на детето; и технолошки трендови.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование