X
 18.10.2019 Живот

Швајцарија - земја на часовниците и чоколадата, и уште што?

Првата асоцијација на Швајцарија се часовници, сирење, чоколадо. Но, дали некогаш сте се запрашале што ја прави швајцарската економија силна, односно што ја прави една од водечките европски економии?

Швајцарија се наоѓа помеѓу две сили, Франција и Германија, и двете низ историјата познати по своите освојувачки и колонизаторски афинитети. Територијално мала, морала да се издигне над овие сили на некој друг начин и со векови наназад тоа го правела. Суровата, но преубава природа исто така ѝ одела во прилог за зачувувањето на мирот и територијата. Швајцарците се силен и вреден народ и тоа им помогнало да се издигнат над своите големи соседи.

Константното подигнување на индустријата ја направила препознатлива во светски рамки. Квалитетот на кој било швајцарски производ никој никогаш не можел да го оспори, а ни да го достигне.

gebert
Фото: Promo


Интересен, но ретко познат податок е дека токму на еден Швајцарец треба да му бидеме благодарни што ја имаме бањата каква што денес ја познаваме. Швајцарија е земја на изумите. Во 1905 година швајцарскиот иноватор Каспар Алберт Геберт во својата мала работилница ја направил првата веце-школка со казанче со вода, кое ни ден-денес, освен во материјалот и начинот на производство, не се разликува многу од првото, старо повеќе од 100 години.

2
Фото: Promo


Како и сите други швајцарски производи, најмногу се вложувало во развојот на неговиот квалитет и сигурност. Компанијата на Геберит растела, интересот и потребите се менувале, а Геберит цело време стоел на чело на колоната произведувачи од овој вид производи. Модернизацијата и современите текови довеле до тоа денес казанчето од веце-школката да стане дизајнерски производ, да се вградува во ѕид, естетиката е во прв план, а квалитетот по кој Геберит бил најпознат се подразбира.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот