X
 18.10.2020 Живот

Зошто некои луѓе имаат дупчиња на образите?

Во 1923 година Евангелин И. Гилберт поднела барање за патент за „апарат за создавање дупчиња на образите“. Нејзиниот изум бил метален ремен за лице со две копчиња што оставале дупчиња во образите. Малку е веројатно дека изумот давал долготрајни ефекти, но неговото постоење е доказ дека многу луѓе сметаат дека дупчињата во образите се привлечна и посакувана карактеристика.

Но, зошто само некои луѓе имаат дупчиња во образите? Главната теорија за нивното постоење е поврзана со големиот зигоматикус, мускул што ја поврзува јаболчицата со аголот на устата и го крева тој агол кога се смееме.


Фото: Pixabay

Кај луѓето без дупчиња на образите овој мускул е целосен прав дел, додека кај оние со дупчиња тој се завиткува во близина на устата и при смеењето изгледа како да се двои. Местото каде што мускулот изгледа поделен е дупчето што се гледа на образите при смеењето.

Меѓутоа, научниците не докажале дека овој мускул стои зад аномалијата и можно е дупчињата на образите да се создаваат поради други мускули на лицето. Нејасно е и како сме ги добиле овие дупчиња. Честопати децата имаат дупчиња на образите како и нивните родители, па многумина сметаат дека во генетиката се крие одговорот, но и тоа не е докажано.

Автор: Елен Гутоски
Извор: mentalfloss.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот