X
 18.10.2021 Живот

Речениците што треба да им ги кажеме на нашите родители пред да биде предоцна

Најголема среќа во животот е да се порасне покрај родители. Родители кои го сакаат своето дете повеќе од сè, кои за него ќе направат сè и му посакуваат сè најдобро. Но, кога родителите ќе остарат, и ним ќе им требаат децата да им помагаат и да им бидат потпора. Има некои работи што можеби не им ги кажуваме доволно често на нашите родители, но сакаме да ги знаат. Пред да се разделиме од нив…

Мислам на вас секој ден

Дури и кога сум најзафатен и кога денот ми е хаотичен, секогаш сте ми во мислите. Можеби понекогаш изгледа како да не се трудам доволно да одржувам контакт со вас, но секогаш мислам на вас.

Навистина го ценам сето она што сте го направиле за мене

Не го кажувам тоа доволно често, но навистина сум благодарен за сè што сте направиле за мене. Ниту најмалите ситници не поминале незабележано и никогаш не заборавам да бидам благодарна за тоа. Го ценам од срце секој ваш чин на добрина затоа што знам дека ме сакате повеќе од сè на светот.

Ве сакам

Среќен сум што сте тука за мене и ме поддржувате во моите одлуки и желби. И кога нема веќе да бидете тука, ќе имам сила да продолжам понатаму токму поради вас. Ве сакам и немојте тоа никогаш да го заборавите.

Знам колку сте жртвувале за своите деца

И знам дека тие жртви понекогаш биле многу тешки. Да се има деца значи да се стават пред себе – значи да се стави потребата на детето пред сопствените и секогаш да се донесуваат одлуки врз основа на она што е најдобро за детето. Ве молам, немојте никогаш да се посомневате во тоа дека не го ценам она од кое сте се одрекле за јас да имам подобар живот.

Подобра личност сум затоа што ве имам вас за родители

Ви се заблагодарувам на тоа што сум личност каква што сум: со силна волја и страст. Вие двајца сте силата на која може да сметам и ги обожавам вашата добрина, страст и сочувство. Ме научивте како да сакам, како да се борам и да верувам во себе. Да имав други родител, денес не би била личноста која сум. Знам дека сте свесни оти ве сакам и почитувам како свои родители. Но, сакам да знаете колку ве ценам како луѓе, како граѓани на светот. Вие сте луѓето на кои најмногу се угледувам. Вие сте моите духовни водичи и херои.

Ми недостигате

Тоа што сме разделени понекогаш ме боли и ме растажува. Тоа што живееме оддалечени нема врска со тоа колку ве сакам. Ми недостига мојот дом и понекогаш размислувам како би ми изгледал животот да живеам поблиску до дома. Ми недостигате, но исто така разбирам дека сакате да ги следам моите соништа и да создадам сопствен живот.

Имам лоши соништа дека ќе ве изгубам

Знам дека морам да се соочам со реалноста и дека нема да бидете тука засекогаш и дека еден ден ќе морам да почнам да живеам без вас. Кога нема да бидете тука, детето што сте го воспитале ќе биде доволно силно да продолжи понатаму, но никогаш веќе нема да бидам истата личност и важно ми е да го знаете тоа.

Тоа нема да биде збогум, туку само „се гледаме подоцна“

И кога ќе ве нема, секогаш ќе бидете со мене. Често треба на да се потсетувам на тоа. Можеби нема да бидете физички присутни, но ќе продолжите да живеете во моето срце. Сакам засекогаш да се сеќавам и на најмалите работи и секогаш покрај себе да имам дел од вас.

Кога ги губиме оние што ги сакаме, тие всушност никогаш не заминуваат.

Извор: zadovoljna.hr

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот