Сите зборувавме дека има доволно време додека наполниме 30 (или 40, 50...), но кога станува збор за кариерата, постојат некои нешта кои е подобро да се направат порано отколку подоцна. „Mashable“ наведуваат 35 такви нешта што имаат позитивно влијание врз сечија кариера.
1. Знајте ја пораката која сакате да ја пренесете кога луѓето ќе ве прашаат за вашата кариера.
2. Дознајте која е вашата супермоќ, односно што е она во што сте неверојатно добри.
3. Дознајте ги своите слабости.
4. Научете како да преговарате.
5. Препознавајте ги луѓето со кои не може да преговарате.
6. Направете нешто за што сте особено горди.
7. Учете од нешто за кое не сте особено горди. Дури и неуспесите имаат позитивни страни.
8. Проширете ги границите на возможното.
9. Направете нешто што навистина ве плаши.
10. Примајте критики, но не лично, ами професионално.
11. Критикувајте, но доколку имате аргументи.
12. Имајте храброст да кажете „не“.
13. Имајте мрежа на луѓе на кои може да им верувате.
14. Имајте ментори.
15. Исчистете го вашето минато на интернет.
16. Усовршете го профилот на „Линкедин“.
17. Имајте портфолио за вашата најдобра работа.
18. Научете да се „продавате“ себеси, но и нешто друго.
19. Научете да преговарате за да добиете.
20. Научете како да ги менаџирате времето и обврските.
21. Научете како да пишувате одлични електронски пораки.
22. Научете ги основите на комуникацијата.
23. Најдете систем за реализација на обврски кој ви одговара.
24. Научете кога функционирате најдобро и користете го тоа.
25. Научете колку сон ви е потребен и држете се кон тоа.
26. Научете како да се соочувате со стресот.
27. Престанете со извинување и не се двоумете во вашите способности поради другите.
28. Не мислете дека пречите некому доколку напредувате.
29. Имајте план за итна промена на кариера.
30. Работете на проекти настрана од главната кариера.
31. Инвестирајте во иднината.
32. Инвестирајте во себеси.
33. Инвестирајте во светот.
34. Научете што не сакате.
35. Дозволете си да се откажете од сето она што не ви се допаѓа.