X
 08.08.2018 Живот

Од стан без кревет стасала до стартап вреден 4 милијарди долари

Никол Мастард ја основала стартап-компанијата „Кредит Карма“ која ги советува своите корисници за кредити, а денес вреди 4 милијарди долари. Сепак, нејзиниот пат до успехот не бил лесен.

Оваа Американка студирала зоологија и сакала да биде научник, но заклучила дека премногу ги сака луѓето и дека не сака да го поминува времето во лабораторија со глувци. Ги напуштила студиите и патувала низ САД, од еден брег до друг, и го барала своето среќно место. Како и многу Американци, го пронашла во Лос Анџелес. Таму немала ништо - ни пријатели, ни работа, ни живеалиште. Со еден познајник изнајмила стан и се вработила на првото слободно работно место - во ресторан за брза храна „Пица хат“ - и со првата плата купила душек.


Фото: Novac

Со текот на времето сфатила дека сака да се занимава со финансии и така да им помага на луѓето, поради што станала сертифициран финансиски планер. Набрзо потоа отворила сопствена компанија. Сепак, нејзината иднина не била во Лос Анџелес. Љубовта ја одвела по друг пат, во Бостон. Тој чекор се покажал како клучен во нејзината кариера. Таму се вработила како директор на продажба во еден стартап и го запознала сегашниот партнер Кенет Лин. Тој имал бизнис-идеја, а Мастард му се видела како идеално лице за започнување стартап со оглед на тоа дека била високообразована, имала добри бизнис-врски, работна етика и секогаш била добро расположена.

Откако го нашле и третото лице за основање на компанијата - техничкиот експерт Рајан Грејшано - се преселиле во Сан Франциско и го основале стартапот „Кредит Карма“, кој се занимава со пресметка на кредитната способност на граѓаните и со советување за вложување. Поради деловните врски, „Транс Унион“ им го дал потребниот пристап до податоците од граѓаните, а новинарска статија за нивната компанија им помогнала уште повеќе и за само една година тие успеале да соберат дури 300.000 корисници.

Сепак, проблем била потрагата по инвеститори. Иако мислеле дека брзиот успех на компанијата ќе биде доволен за наоѓање инвеститори, Силициумската долина во 2009 година била преокупирана од успехот на „Амазон“ и овој стартап не бил доволно атрактивен. Тоа ги натерало тројцата основачи да ја променат тактиката и да се вратат на брегот на Сан Франциско, што се покажало како добар чекор. Пронашле инвеститори, собрале неколку милиони долари, а до денес во нивниот стартап се инвестирани повеќе од 370 милиони долари. Освен тоа, имаат 80 милиони корисници и 800 вработени, а самата компанија вреди 4 милијарди долари.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот