X
 30.12.2016 Образование

Совети за успех во академскиот живот

„Овие совети не се целосни мои, мои пријатели и колеги на „Facebook“ ми помогнаа да ја составам листата“-пишува за „Quartz“, Метју Прат Гутерл, професор по африкански и американски студии на Универзитетот „Brown“во САД.

1. Запомнете: не постојат непрофесионални интеракции.

2.Суштината е важна. Практикувајте да зборувате како што разговорите течат. Подгответе некоја уредувачка работа. Волонтирајте. Носете чиста облека. Ажурирајте го вашиот софтвер. Јадете. Спијте. Туширајте се. Смејте се. Сакајте. Не бидете опседнати само со универзитетот, истражувајте го вашиот град. Стекнувајте пријатели насекаде. Јадете колачи.

3. Дознајте за што се залагате во однос на политиката. Бидете подготвени да се исповедате.

4. Вреднувајте ја лојалноста над влијанието. Дружете се со луѓе кои се грижат за вашите идеи и вашата благосостојба. Негувајте го односот со своите пријатели и сојузници.

5. Не работете со луѓе чија прва желба е да оспоруваат и да нé одобруваат. Очигледно нема да се откажат од таа навика.

6. Обидете се да не се изгубите во одделенската и политиката на предавање.

7. Секогаш велете „благодарам" и секогаш сé ќе биде добро се разбира до моментот кога е време да не биде. Инсистирањето на учтивост, барем на почетокот не значи да ги потиснувате чувствата кога не се согласувате. Станува збор за препознавање дека никој не победува на долг рок кога би го започнал секој разговор со викање. Гневот постигнува само краткорочна добивка и ги попречува долгорочните цели.

8. Од моментот кога ќе пристигните, почнете да размислувате за книгата која ќе ја напишете. Без разлика на тоа колку тешко тоа изгледа, борбата да се избере соодветен наслов, табели и содржина и приказни. Размислувајте за архиви и методи. Нека ви биде навика да зборувате за тоа. Немојте да бидете загрижени, ако на почетокот не знаете што правите. Изберете книга која можете да ја истражувате и пишувате во рок од пет до шест години. Не избирајте нејасна тема за која само мал број на луѓе се интересираат. Не избирајте толку широка тема што не може да се заврши. Пребарајте нешто што е применливо за вас и се поврзува со поголеми прашања. Затоа изберете мудро и бидете возбудени.

9. Научете како да кажете „не" љубезно и одлучно. Но, исто така, научете како да кажете „да". Научете како да препознаете кога некој поминал екстра милја за да ве покани, да ве запознае со некого, и кажете „да", во знак на почит.

10. Сфатете ја наставата сериозно. Набљудувајте ги одличните наставници во училница. Прашувајте ги, замолете ги да ви објаснат. Направате ревизија на додипломската настава, предлог-план, но да биде тоа издржано и со аргументи. Разговарајте со вашите колеги за она што вие сте забележале дека успешно функционира во училница. Однесувајте се сериозно кон дискусијата на наставата исто како кога дискутирате за најновата книга или есеј што се го прочитале.

11. Пишувајте секој ден, без уредување, најмалку половина час. Пишувајте на различни нивоа, блог постови, предлог-проекти, колумни, за историјата. Ревидирајте ја вашата експериментална кратка биографија- обидувајќи се со различни формати и фонтови-секоја недела. Однесувајте се кон вашата содржина како кон песна; не брзајте, размислувајте за секоја запирка, секој извор, секој слог. Зачленете се во група за пишување и нека ви стане приоритет пишувањето и читањето во таа група. Сфатете го лекторирањето сериозно. Ова значи читање на глас, така што ушите да бидат уредник. Тоа значи водење на магична проверка. Тоа значи дека си оставате доволно време да ги сработите овие работи добро.

12. Кога ќе се соочувате со квалификациите за испитите/одбраната/други церемонии не ги слушајте луѓето кои прашуваат: „Дали мислиш дека ќе положиш?“ Кажете им дека не сакате да зборувате за тоа.

13. Контролирајте ја историјата на вашата кариера, од презентацијата на вашата кратка биографија до веб-страниците и јавните настапи. Ова значи да научете да правите разлика меѓу вистински импресивното  и површното.

14. Никогаш не барајте писмо за препорака, без да дадете известување најмалку две недели, свежа копија од вашата биографија, и што и да е вашиот предлог. Прифатете ја одговорноста за запазување на крајните датуми и деталите.

15. Бидете свесни за разликата помеѓу критицизмот и критиката. Прифатете го второто. Празната критика е нешто што треба да научите да го мразите. Стекнувајте знаење, читајте, аргументирајте. Обидете се секогаш да ја разберите акцијата на секоја книга, секој есеј, со кој ќе се запознаете. Размислувајте подлабоко. Аплаузот е евтин.

16. Читајте блогови од професионалци за вашата област. Консултирајте се со нив покрај весниците и академските списанија. Развијте навика за читање. Консумирајте информации и анализа, како тие да се храна.

17. Враќајте се на сé она што го пишувате секој ден.

18. Знајте го ова: постои само едно прашање во разговорите за работа и конференциите, студентските средби: „Твојата работа е интересна. Како се поврзува со мене? Направете ја вашата домашна задача. Откријте за што се интересираат луѓето.

19. Постои многу загриженост во врска со она што доаѓа после. Вие секогаш може да кажете „не". Постојат и други нешта да се направат во животот. Одолговлекувањето по дефиниција не е добар живот. Не правете го тоа. Движете се напред. Не претпоставувајте дека академската работа ќе ве чека и не претпоставувајте дека ќе ја нема.  

20. Луѓето ќе се однесуваат со вас лошо цело време. Тие ќе ве игнорираат или ќе се обидат да ве повредат или ќе се обидат да ви наштетат. Ако тие прават нешто нелегално не молчете. Направете го она што ви е должност. Ако она што тие го прават е сурово, само запомнете не бидете како нив. Мобилизирајте се за подобар свет.

21. Научете да вреднувате темпераментно однесување. Нашето племе е многу чудно проучувајте го тоа, класифицирајте. Направете разлика помеѓу, да речеме, луѓето кои мислат дека вашата работа е навистина добра, без оглед на тоа со кого работите наспроти луѓето кои мислат дека вашата работа е добра само затоа што работите со ова лице или тоа лице.

22. Разберете ги академските институции, како да станува збор за било која индустрија и препознајте дали постои искористување на работниците и до кој степен. Замислете ситуација во која може вие ќе треба да работите да создадете подобра иднина.

23. Научете како да направите разлика помеѓу оние факултети кои ќе ви помогнат да работите во рамките на контекстот на вашиот оддел/вашиот универзитет и оние факултети, кои ќе ви помогнат да го правите истото, но исто така ќе ве научат како да го направите тоа сами.  

24. Научете како да аплицирате за екстра-одделенско финансирање. И направете го тоа. Не постои подобар начин да ги организирате вашите мисли од тоа да мора да им објасните на читателите за можностите што се надвор.  И на многу места производството на надворешна поддршка е клучна мерка.

25. Не прифаќајте совети од луѓе кои го оставиле академскиот живот пред неколку години.

26. Бидете остроумни за социјалните медиуми и љубезни. Добро е да циркулирате вести за вашата работа, но осигурајте исто така да ја промовирате и споделувате работата и на вашите колеги и пријатели. Практикувајте интелектуална и професионална великодушност како дел од вашето учество во пошироката заедница.

27. Изградете заедница околу вас што има група на луѓе кои не се на факултетот. Меѓу другото, нивната оддалеченост од вашите секојдневни битки со факултетскиот живот ќе ви помогне да одржите здрав баланс во однос на вашиот социјален живот, здрав разум, итн.

28. Нема листа со совети целосна или сеопфатна, се разбира. Затоа зборувајте со другите. Направете свои избори. Започнете од тука. Зачленете се тука. Читајте за предвидувањата во научните трудови бидејќи тие се многу, многу паметни. Но, тие не се секогаш во право, па истражувајте и размислувајте подлабоко.  

29. Не им верувајте на рекламата за добро или лошо за академиците. Испитајте за себе колку истражувачи се вработени во вашиот универзитет и откријте како тие се третирани. Не мислете веднаш дека администраторите се лоши. Запознајте се со студентите пред да направите проценка дали тие се премногу богати, разгалени, или премногу глупави за да научат било што.

30. За крај направете ваша сопствена листа. Не ја копирајте оваа, уредете своја. Не мора да се сложите, подобрете ја. Испечатете ја и ставете ја на фрижидерот. Дискутирајте за неа. Поентата на една ваква листа е да ви даде насока и да ви помогне да најдете своја.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование