X
 14.07.2017 Технологија

Апликација за слепи лица на „Мајкрософт“

Компанијата „Мајкрософт“ претстави нова апликација за паметни телефони која користи компјутерска визија за опишување на светот, наменета за лицата со оштетен вид.


Апликацијата функционира така што корисникот ја насочува камерата од телефонот кон одредена личност за да дознае за кого станува збор и како се чувствува. Камерата може да се насочи и кон некој производ, откако ќе добие податоци за каков производ станува збор. Апликацијата функционира благодарение на вештачка интелигенција.

Освен што препознава луѓе што претходно биле видени и ги погодува годината и чувствата на непознати лица, направена е и да идентификува куќни уреди, врз основа на бар-кодови. Исто така, чита и скенира документи и ја препознава американската валута.

Бидејќи сите сметки во долари се со иста боја и големина, лицата со оштетен вид тешко се снаоѓаат. Апликацијата им помага да ги дознаат тие информации. Најосновните функции се извршуваат директно на уредот, што значи дека до информациите може да се пристапи брзо и кога нема стабилно интернет-поврзување.

Апликацијата е најкорисна за читање податоци, како знаци и менија, истакнуваат од „Мајкрософт“. Додаваат дека основна задача на апликацијата не е само препознавање на знаци, туку и наведување на корисниците како најпрецизно да ја постават камерата за да ги добијат потребните податоци.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија