X
 07.06.2018 Технологија

Естонија се откажа од издавање национална криптовалута

Естонија, источна европска нација која го воведе еврото во 2011 година, сепак нема да има своја криптовалута, барем не таква што би можела да плаќа производи и услуги. Балтичката земја ги отфрли плановите за дигитални токени.

Идејата за есткоин, виртуелна валута што жителите на Естонија можат да ја купуваат и да се троши за државни услуги, е запрена уште пред да заживее.

estkoin
Фото: Thinkstock


По критиките на локалните банки и острите пораки од шефот на Европската банка, Марио Драги, во Естонија одлучиле амбициозниот план да го сведат во пореални рамки.

 - Ниту една земја-членка не може да воведе своја валута. Валута во еврозоната е еврото - изјави Драги во септември, со што ги уништи естонските соништа.

Естонија е една од највештите земји кога станува збор за технологијата во Источна Европа, и беше еден од предводниците за издавање на национална криптовалута.

Каспар Корјус вели дека ќе ја анализираат идејата за есткоин и нејзините потенцијални придобивки.

- Есткоинот ќе им помогне на е-жителите да обезбедат работа или совет, меѓутоа, дефинитивно нема да биде национална криптовалута - изјави тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија