18.12.2018
Живот
Незаконски ловел елени и срни, па за казна ќе мора да го гледа цртанот „Бамби“
Поради незаконско ловење елени и срни, ловец од американската сојузна држава Мисури е казнет со доживотна забрана за лов, една година затвор и додека е во установата, еднаш месечно да го гледа цртаниот филм „Бамби“.
Дизниевиот цртан од 1942 година е познат по тажниот почеток, оти ловци ја убиваат мајката на малата срна Бамби.
Дејвид Бери Џуниор е уапсен за ловокрадство кон крајот на август 2016 година, но истрагата и собирањето докази против него завршија неодамна со пресуда дека е виновен.
Извор: МИА