X
 18.12.2018 Наука

Торнадата не се формираат како што досега мислеле научниците

Во текот на минатото се мислеше дека торнадата потекнуваат од облаците и се спуштаат надолу до земјата. Но, еден тим од климатолози покажа дека овој модел на формирање на торнадата „од горе надолу“ можеби е погрешен.

Според нивното истражување, торнадата се формираат од земјата нагоре.

Торнадата може да се создадат изненадувачки брзо, за само неколку минути. Затоа „фаќањето“ на раѓањето на торнадо не е баш лесно, особено во близина на земјата, каде што на патот може да има дрвја и куќи. Сепак, метеорологот Џана Хаусер од универзитетот во Охајо, САД, ги брка со години.

Користејќи мобилен радар, таа успеала да добие податоци за четири торнада родени од ретки и величествени (и опасни) бури наречени суперклетки. Според податоците на Хаусер и нејзиниот тим, ниедно од овие торнада не почнало од небото.

Тимот започнал со анализа на едно торнадо. Истражувачите имале пристап до стотици фотографии од настанот, кои потоа ги споредиле со нивните радарски мерења на брзината на ветрот.


Тогаш станало интересно бидејќи на фотографиите можело да се види канализирање на торнадо на земјата пред податоците од радарот да покажат ротација на повисоки алтитуди. Затоа тимот се навратил на податоците од радарот и повторно ги анализирал, пронаоѓајќи ротација на земјата пред да се материјализира во облаците.

Податоците од трите други торнада покажале слични шеми.

Сепак, четири е многу мал број на торнада за да може да се изведе конечен заклучок, особено ако се има предвид дека во САД годишно се забележуваат повеќе од илјада торнада.

Моментално детекцијата на торнадата се заснова на брзина на ветровите во облаците. Ако нивното формирање започнува во близина на земјата и ако може да се детектира, тоа може да додаде скапоцени секунди за предупредување.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука