X
 20.01.2024 Наука

Мажите се подобри од жените во навигација, но тоа нема никаква врска со еволуцијата

Супериорното чувство за насока кај мажите во споредба со жените е веројатно резултат на културолошки фактори, а не на еволутивни особини, заклучуваат научниците. 

Џастин Роудс од Универзитетот „Урбана-Шампејн“ во Илиноис нагласува дека гените сами по себе не можат да ја објаснат оваа разлика. Културата игра значајна улога бидејќи момчињата често се охрабруваат да се вклучат во активности на отворено, кои придонесуваат за развој на навигациски вештини.

Роудс и неговиот тим ги испитувале вештините за просторна навигација и просечните растојанија на патување на 21 вид (вклучувајќи ги и луѓето), откривајќи дека спротивно на очекувањата на еволутивната теорија, мажјаците имаат тенденција да бидат подобри од женките во сите аспекти, освен кај видовите рак „факсониус рустикус“ и жабите „офага силватика“, каде што резултатите од истражувањето покажале спротивен тренд.

Резултатите покажуваат дека културните влијанија и биолошките варијации ги обликуваат навигациските разлики меѓу мажите и жените. Според Роудс, хормоналните разлики можат да придонесат за различни особини и сѐ додека овие особини не се мешаат во репродукцијата, еволуцијата останува рамнодушна кон нив.

Истражувачите покажуваат дека родовите разлики во просторните способности се стекнати, на пример, преку културата. Просторната способност е како и сите когнитивни способности: колку повеќе ја користите, толку повеќе ја имате, објаснува Антоан Кутро од францускиот Национален центар за научни истражувања.

Извор: Newscientist.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука