Универзитетот „Њујорк“ е еден од најбогатите високообразовни институции во САД. Со донации вредни повеќе од 3,5 милијарди долари факултетот има изградено кампуси дури и во Абудаби и Шангај, а има инвестирано и во недвижнини. Меѓутоа, универзитетот прави помалку од сите други американски универзитети кога станува збор за помагањето на сиромашните студенти.
Една
анализа на „Пропублика“ основана на податоците од Министерството за образование на САД покажува дека студентите кои доаѓаат од сиромашни семејства, а дипломираат од овој универзитет се заглавени во најголеми долгови по дипломирањето.
Имено, студенти кои доаѓаат од семејства кои заработуваат помалку од 30.000 долари годишно должат просечно
23.250 долари по дипломирањето.
Овој универзитет не е единствениот со милијарди во донации, а кој ги остава сиромашните студенти во долгови. Повеќе од една четвртина од 60-те најбогати универзитети во САД ги оставаат сиромашните студенти во долгови просечно повисоки од
20.000 долари.
Така, дипломците од Универзитетот во Јужна Калифорнија должат просечно 23.375 долари, оние на Бостонскиот универзитет 27.000 долари, а студентите на универзитетот „Wake Forest“ дипломираат со долг од 29.150 долари во просек.