X
 18.12.2022 Забава

Неверојатна оптичка илузија докажува дека не можеме секогаш да им веруваме на нашите очи

Оваа оптичка илузија покажува серија обоени очни јаболка распоредени во пет колони.

Секое од трите очни јаболка во секоја колона се чини дека е со различна боја. Но, за жал, не е така. Се чини дека ова е уште една неверојатна оптичка илузија.

Оптичката илузија покажува низа очи организирани во пет колони, секоја со три реда кои имаат ленти. И покрај изгледот, кажано ни е дека трите очи во секоја колона се идентични копии, односно сите имаат иста боја. Само бојата на линиите прави да изгледаат различно.

iluzija
Фото: Lenstore

На сликата подолу можеме да го видиме оригиналното око што се користи во секоја колона без интервенцијата на линиите и јасно е дека има пет различни бои.

Што, всушност, се случува? Оваа оптичка илузија, дизајнирана од набавувачот на контактни леќи „Ленстор“, е верзија на познатата оптичка илузија наречена „Мункер-Вајт“; базирана на феноменот наречен Безолф ефект. Германскиот професор по метеорологија Вилхелм фон Безолд забележал дека нашата перцепција за бојата може да биде „искривена“ од околните бои.

2
Фото: Lenstore

Ако внимателно ја погледнете илузијата, ќе видите дека секој од трите реда има различни бои на линии кои се протегаат низ нив. Тие имаат ефект на нијансирање на бојата во круговите. Сините, зелените и црвените линии ги обојуваат очите на различни начини, што резултира со очигледни промени во бојата.

Научниците не се сосема сигурни што точно се случува во мозокот, или каде се случува за да го предизвика овој ефект.

Некои сметаат дека илузијата се јавува во почетната фаза на визуелната обработка, кога светлината првпат ја погодува мрежницата, но други сметаат дека Безолд ефектот се јавува подоцна кога мозокот ги обработува податоците што ги добива.

Во секој случај, станува збор за уште една илузија која си игра со нашиот мозок и отвора прашања за тоа како ја перципираме бојата.

Извор: Creativebloq.com
Фото: Lenstore
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава