Научниците од Калифорнија конечно го пронашле одговорот на прашањето зошто пандите имаат црно-бела боја.
Тие ги споредиле црните и белите делови од крзното на
пандите со уште 200 други видови, а потоа добиените резултати ги анализирале, земајќи ги предвид и факторите од средината.
Бидејќи пандите не навлегуваат во хибернација, за разлика од нивните други роднини мечки, тимот ја исклучил можноста дека бојата е регулирана од страна на телесната температура.
Истражувачите велат дека белите делови од крзното им служат на пандите за да се камуфлираат во снежно опкружување, додека благодарение на темните делови полесно се сокриваат во шумата. Исто така, пандите имаат и црни уши бидејќи така изгледаат пострашно за потенцијалните предатори, велат научниците. Темните дамки околу очите пак, им го олеснуваат распознавањето, бидејќи секоја единка има различен облик.
Водичот на студијата Тим Каро вели дека боите на пандата од одамна се проблем во биологијата, бидејќи ниеден друг цицач нема такви шари.
До откритието дошле кога секој дел од телото го набљудувале како независна целина.