X
 14.03.2017 Наука

Кој е изворот на енергија кој му дава моќ на човечкиот мозок?

Шеќерот, односно глукозата е изворот на енергија која му дава моќ на човечкиот мозок. Глукозата се користи за да се креираат водородни јони, па на некој начин се добива брана со многу водород на едната и малку на другата страна. Можат да поминуваат само низ специфична структура, што ја користи силата за да креира ATP (Adenosine triphosphate). Потоа ATP се користи за да се остваруваат многу биолошки процеси.

Невроните функционираат користејќи сличен метод. Кога појдовниот сигнал ја зголемува доволно волтажата, напонот на затворените канали се отвора и натриумот може да се движи правејќи ги повеќе позитивни. Соседниот канал исто така се отвора, и тоа се случува додека синапсите, каде што се ослободуваат невротрансмитерите, го прават истото на следниот неврон.

За невроните да се одржуваат негативни и да се ресетираат одново, активен процес пренесува јони преку мембраната, која бара енергија и енергијата доаѓа од ATP.

Што значи, мозокот функционира од шеќер и кислород, што се користат за да се обезбеди моќ на ATP машината во митохондријата.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука