X
 06.06.2023 Забава

Која е „Дамата со факелот во раката“ од логото на „Колумбија пикчрс“?

Ако некогаш сте гледале филм од „Колумбија пикчрс“, сигурно сте запознаени со „Дамата со факел“ која секогаш ги поздравува гледачите пред самиот филм.

Оваа традиција била воспоставена во 1924 година. Порано студиото користело слика од жена облечена во римска воена опрема која држи штит во левата рака, пред тоа да биде сменето во жена со факел. Сликата имала неколку варијации, инспирирани од актерките Евелин Венабл и Џејн Бартоломеј.

Освежување на логото

Во 90-тите години студиото одлучило да го освежи своето лого.

Џени Џозеф не била ниту модел ниту актерка, ниту некогаш позирала за професионална фотографија пред или по 1992 година. Но, поради една фотографија станала една од најпознатите фигури на современата кинематографија.

Фотографиите на Џени Џозеф ги направила добитничката на Пулицеровата награда, Кети Андерсон, а Мајкл Дис ги користел како референција за сликата од логото на студиото „Колумбија пикчрс“, кое се користи и денес.

Мајкл Дис претходно бил познат по неговите слики од познати личности, а „Колумбија пикчрс“ го ангажирала да го промени логото од жена која држи факел како Статуата на слободата, чија верзија се појавувала уште од 1924 година.

Кога од Дис било побарано да го смени логото, тој веднаш ја ангажирал Андерсон, бидејќи веќе соработувале неколку пати.

Џозеф во раката држела столна ламба и имало неколку ситници кои служеле како реквизити, а најинтересниот момент бил кога кажала дека штотуку дознала дека е бремена.

Ниту Дис ниту Андерсон не верувал дека нивната работа ќе се најде во филмовите.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава