Животот е тежок за оние што имаат наставници и на училиште и во нивниот сопствен дом.
Кога пристигнуваше на училиште и ги знаеше повеќе од половина од професорите, што беше навистина одлично, сè додека не му се обратеше со неговото име пред целиот клас.
Кога другите деца постојано те прашуваа: „Дали си ќерка/син на наставникот/наставничката по...?“
Kога те прашуваа дали мајка ти/татко ти ти ја напишал домашната работа...
Не ги сфаќаше баш децата зошто паничат кога имавте родителска средба бидејќи за тебе секој ден беше родителска!
Доколку беше немирен на училиште, твоите родители веднаш дознаваа... па затоа никогаш не беше немирен.
Сите ќе ти се смееја ако по грешка си ги нарекол мама или тато, но сигурно би било уште почудно доколку би им рекол „наставнику“ или „наставничке“.
Koга дозна дека мајка ти/татко ти ќе ти го предава нејзиниот/неговиот предмет цела година...
Ти беа потребни години за да сфатиш дека не сите родители имале одмор цело лето, како твоите родители.
Наставници кои не го/ја сакаа твојот/ата мајка/татко гневот го исфрлаа врз тебе.
Никогаш не си можел да се извадиш со старата добра фраза: „Ама мамо/тато, немам ништо за домашно.“
Но, не беше сè така црно. Доколку некогаш не знаеше што треба да учиш, мама/тато ќе се јавеше кај наставникот за помош.
Ти беше дозволено да гледаш во оценките на твоите соученици, под услов да не кажеш ништо.
Никогаш не доцнеше на училиште и секогаш беше првиот што дознаваше дека нема да се учи поради снегот.
И секако, и ден-денес те прашуваат: „Дали си ќерка/син на наставникот/наставничката по...?“