Околу 20 држави во САД им дозволуваат на наставниците да носат огнено оружје додека се на работа за да ги заштитат своите ученици. Оваа одлука паѓа на локалните училишни одбори, а постојат и барања за обука за користење огнено оружје. Државите Тексас и Флорида неодамна ги зајакнаа своите закони што дозволуваат наставникот да носи оружје.
Иако организациите против оружјето низ САД се спротивставуваат на оваа идеја, голем дел од луѓето сметаат дека училиштата треба да преземат разумни мерки доколку се случи најлошото, и наставниците да имаат некаков активен начин да ги одбранат учениците додека пристигнува полицијата.
Сенди Гроу, наставничка за ученици со посебни потреби, вели дека масакрите што се случија во Паркленд и Сенди Хук предизвикаа таа да се чувствува небезбедно на работа.
- Идејата дека сум заглавена во училница со моите ученици и не сум во можност да ги заштитам навистина ми пречеше. Сакам да ги заштитам и одбранам, a не да бидам беспомошна - вели таа.
Мајк Ериксен размислува многу за тоа како да ги заштити своите ученици во училиштето каде што тој е директор, а неговиот син е ученик. За обуката за користење огнено оружје, Ериксен вели дека го подготвила да возврати ако некој му се закани на неговото училиште.
- Посамоуверен сум во моите вештини и во тоа што треба да го направам ако се случи нешто. Сега не сум толку нервозен. Можам да
помогнам - вели тој.