X
 19.07.2019 Живот

Училиштето во кое десет поранешни ученици сега се наставници и дел од персоналот

Едно од најуспешните училишта во Британија откри дека создавањето сопствени наставници е тајната за  успехот.

Католичкото училиште „Св. Едмунд“ во Портсмут, Хемпшир, вработил четири поранешни ученици како дел од административниот тим и шест поранешни ученици како наставници. Училиштето е предводник на „Создај сопствена кампања“, иницијатива на градскиот совет на Портсмут за поттикнување повеќе луѓе да се одлучат за професијата наставник.

Оттогаш рејтингот што го доби од „Офстед“ (Канцеларија за стандарди во образованието) од „несоодветно“ прерасна во „извонредно“.

Во 2011 година училиштето било под ризик да биде ставено под посебни мерки, но оттогаш го подобрило рејтингот и се искачило меѓу најдобрите на национално ниво. Во 2016 година училиштето добило рејтинг „извонредно“ од „Офстед“.

Поранешните ученици што сега работат во „Св. Едмунд“ велат дека секогаш ќе имаат поголеми афинитети кон училиштето отколку другите наставници. Училиштето сега охрабрува повеќе ученици да размислат да се вратат на работа таму.

Помошник-раководителот на училиштето Моира Ховарт им била наставничка на петмина од вработените.

- Навистина сме горди што овие ученици денес работат како наставници во училиштето. „Св. Едмунд“ е семејно училиште, така што нивното враќање го доживуваме како враќање на член од семејството. Неверојатно е тоа што сме сведоци на формирањето на децата во возрасни личности и фантастични наставници.

uciliste
Фото: Simon Czapp Solent News

Адам Покстон учел во ова училиште од 1999 до 2004 година, а сега е раководител на предметот физичко образование и предава во училиштето од 2009 година. Вели дека работењето заедно со неговите поранешни наставници е нешто за кое му било потребно време да се навикне.

- На почеток беше чудно искуство. Ми беше чудно да ручам со член од персоналот кој претходно ми беше наставник по географија - вели Адам.

За наставничката по англиски јазик Џована Туфнел, работењето во училиштето е пријатно и таа вели дека се чувствува како дома.

- Враќањето во „Св. Едмунд“ ја засили мојата страст за работата. Уште првиот работен ден се чувствував  како да сум дома.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот