Земјите-членки на Европска Унија синоќа се договорија да забранат увоз на овошје што содржи траги од хлорпирифос, пестицид кој е штетен за здравјето на луѓето.
Одлуката е донесена со мнозинство гласови и ќе следува забрана на хлорпирифос во цела ЕУ.
По тримесечниот преоден рок секое увезено овошје со поголема количина на пестицидот од дозволеното ќе биде забрането да се продава во ЕУ.
Европскиот регулатор за безбедност на храната во август минатата година утврди загриженост поради „евентуалниот генотички ефект, како и невролошкиот ефект во текот на развојот на децата“.
Хлорпирифосот се употребува за да се спречат инсектите да го оштетат плодот.
Извор: МИА