24.01.2019
Технологија
Кина го забрани „Бинг“
Кина го блокира пребарувачот „Бинг“ на „Мајкрософт“, објави „Њујорк тајмс“.
Тоа беше последниот странски пребарувач што работеше во земјата, иако имаше цензурирани и умерени резултати од страна на компанијата за да ги следи барањата, пишува весникот.
Досега нема информации за причината за одлуката на кинеските власти и дали тоа е привремено или трајно блокирање.
Според „Фајненшл тајмс“, блокирањето му го наредила владата на локалниот државен телекомуникациски оператор Чајна Јуником (China Unicom).
Одлуката се смета за изненадувачкa бидејќи „Мајкрософт“ генерално е во добри односи со кинеските власти.
Извор: МИА