Палитана е мал град во округот Бхавганар во Гујарати, Индија, каде што сите жители се вегетаријанци.
Ова е првиот целосно вегетаријански град во светот, а се смета за најсвето место за луѓето што ја следат религијата џаинизам. Градот им 863 храма, така што секоја година го посетуваат голем број верници што веруваат дека нивниот спасител Адинатха одел по ридовите на градот.
Палитана е толку религиозно место што околу 200 монаси во 2014 година штрајкувале со глад, велејќи дека попрво би умреле од глад отколку да дозволат убивање и консумирање на животни во градот.
Освен тоа, монасите побарале затворање на 250 месарници и забрана на ритуалното убивање на животни. Владата била присилена градот да го прогласи за зона каде што не се консумира месо.
Тешко е да се каже колкав е бројот на приврзаници на џаинизмот, но секоја година во градот доаѓаат четири до пет милиони верници.
Станува збор за религија што се фокусира на благосостојбата на сите суштества. Следбениците на религијата веруваат дека луѓето, животните и билките имаат душа со еднаква вредност.
- На секој на овој свет - без оглед дали е
животно или човечко суштество или многу мало суштество - од Бога му е дадено правото да живее - велат монасите.