X
 19.02.2021 Живот

Годинава во светот ќе има над половина милион стогодишници

Очекуваниот животен век во развиените и во земјите во развој се зголемува, а со тоа расте и бројот на лица што ја доживуваат 100-тата година. Обединетите нации очекуваат бројот на стогодишници во светот да стигне до 573.000 оваа година.

Во САД живеат најголем број стогодишници - 97.000. Јапонија е втора со 79.000 лица што имаат над 100-годишна возраст, а таму живее и моментално најстарата личност во светот - Кане Танака има 117 години и живее во Фукуока.

Најстариот маж во светот е Сатурнино де ла Фуенте од Шпанија, кој наполни 112 години месецов.

Во Шпанија, како и во Франција и во Италија, околу 0,03% од населението имаат над 100 години. Тоа е најголем процент во Европа.

Јапонија има најголем процент на стогодишници. Таму шестмина во 100.000 живеат повеќе од 100 години. Други земји со повисок процент на стогодишници се Уругвај, Хонгконг и Порторико.

Автор: Катарина Бушолц
Извор: weforum.org
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот