Од Стив Џобс до Марк Закерберг, приказните за успешните млади иноватори се насекаде. Сепак, вистината е дека постарите претприемачи може да бидат исто толку успешни како и помладите. Згора на тоа, постарите жени-претпремачи се поуспешни во водењето бизнис од помладите.
Ова се дел од откритијата на Хао Џао, професор по менаџмент на факултет при политехничкиот институт „Ренселер“, во неговото истражување објавено неодамна.
Фото: Pixabay
- Важно е да се поправат негативните стереотипи на луѓето за постарите претприемачи и да се охрабрат луѓето во подоцнежните животни фази да станат претприемачи - вели Џао.
Џао и неговите колеги направиле анализа на 102 примери и откриле дека шансите за успех кај луѓето што основаат бизнис во нивните 20-ти години се исти како и на оние што станале
претприемачи во нивните 50-ти години. Иако помладите претприемачи генерално почесто се вклучени во иновации на нови технологии, како и преземање храбри ризици, нивните постари колеги имаат повеќе мудрост и финансиски капитал, но и познаваат повеќе луѓе од бизнис-сферата.
Фото: Pixabay
Џао открил дека постарите претприемачи се позадоволни и имаат поголем финансиски успех од работата отколку помладите. Нивниот единствен недостаток е малку послабите стапки на развој бидејќи нивните компании почесто се поголеми.
Истражувањето открило и дека возраста позитивно влијае врз успехот на жените-претприемачи. Според Џао, шансите на жените за успех во претприемништвото се поголеми во нивните позрели години. За оние жени во 30-тите и 40-тите шансите не се толку добри, а најголема причина за тоа се грижата за децата и обврските околу постарите роднини.
Извор:
eurekalert.org