X
 06.02.2022 Живот

На која возраст сме најсреќни? Еве што вели науката

Постојат многу книги, филмови и песни посветени на среќата, а дел од нив се базирани на вистински истражувања. Едно такво истражување од Универзитетот во Калифорнија покажало дека среќата, всушност, е најголемиот парадокс во животот.

Во истражувањето било разговарано со 1.500 лица на возраст од 21 до 100 години. Научниците сакале да дознаат повеќе за физичкото и психичкото здравје на испитаниците.

Резултатите покажале дека постарите лица биле посреќни, а во тој контекст истражувачите ја објаснуваат среќата како парадокс. Како што старееме, многумина доживуваат поголемо задоволство во животот отколку порано.

Според истражувањето, годините што треба да бидат најисполнети (од 20 до 30 години) не се најсреќни во реалноста. На оваа возраст не поднесуваме неуспеси, полни сме со сомнежи, а многумина страдаат и од депресија и анксиозност.


Фото: Pixabay

Како причина за недостигот на среќа на оваа возраст се наведува неизвесноста за иднината која ги мачи младите во ова време. Освен тоа, многу често анксиозноста се јавува како резултат на сопствени одлуки, на пример, работа, селење, љубов, во кои не сме секогаш сигурни додека сме млади.

Според научниците, најсреќната возраст е индивидуална, но заклучокот на истражувањето е дека може да се ужива во животот на  која било возраст доколку не се доведува во прашање секоја посебна одлука.

Извор: Novosti
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот