X
 27.09.2019 Живот

Канадската Зелена партија фотошопирала фотографија од лидерката со чаша за еднократна употреба во рацете

Канадската Зелена партија призна дека изменила фотографија од лидерката за да покаже дека таа користи пластична чаша која може повторно да се користи.

Сепак, лидерката Елизабет Меј рече дека манипулацијата била направена без нејзино знаење и дека таа била шокирана кога ја видела.

На фотошопираната фотографија може да се види Меј како држи пластична чаша за повеќекратна употреба со логото на партијата и метална цевка.

Лидерката на партијата истакна дека таа нема што да крие затоа што користела разградлива чаша за повеќекратна употреба.

- Мојата лична дневна практика е избегнување пластични работи за една употреба 100 отсто од времето. Се надевам дека и покрај овој погрешен чекор од членовите на добронамерна партија кои сакале да ја брендираат фотографијата, луѓето можат да веруваат дека на оригиналната фотографија нема ништо што би криела - рече таа.

Зелената партија се обврза за намалување на пластичниот отпад, вклучувајќи ја тука и забраната за пластика за една употреба.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот