X
 19.02.2022 Живот

Африканска Венеција: цела населба во Нигерија плови на вода

Макоко е уникатна населба која е сместена на брегот на Нигерија. Дел од неа е на копно, а дел на вода, па поради тоа ја нарекуваат Африканска Венеција. Во оваа населба живеат припадници на етничката група Егун, кои најчесто се занимаваат со рибарство.

Се проценува дека тука живеат најмалку 85.000 жители, но бројот може да биде поголем бидејќи последниот попис бил спроведен во 2007 година. Необичната населба постои од 19 век, кога во оваа лагуна биле подигнати првите дрвени платформи. Тоа на почетокот било рибарско село, но набргу пораснало во вистински град на море. Во секоја куќа живеат од 6 до 10 луѓе, а во населбата има и две училишта, од кои едното е на вода.



Иако местото звучи егзотично и раскошно, тоа е далеку од реалноста. Животот таму е тежок, владее сиромаштија, нема инфраструктура, а на дрвените куќи постојано им се заканува опасност од пожар. Водата таму е неквалитетна, а воздухот загаден, иако поголемиот дел од куќите немаат ниту електрична енергија.



Морската вода на која стојат платформите не е длабока, но поради тоа што е нечиста, невозможно е да се види дното. Како превозно средство се користат кануто и чамецот, а на нив се одвива и целата трговија.

Последните години населбата е туристичка дестинација. Меѓутоа, владата сака да се ослободи од платформите и во 2012 биле уништени дел од куќите бидејќи биле изградени нелегално. Како резултат, дури 3.000 луѓе останале без покрив над главата.


Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот