Возрасен центросаурус, роднина на поголемите трицератопси што живееле во исто време со тираносаурусот, имал напреднат рак на коските во долниот дел на ногата. Ракот можеби се проширил на други делови од телото и се смета дека бил терминален.
Но, овој центросаурус веројатно не умрел од рак на коските бидејќи пред да се случи тоа, заедно со илјадници други центросауруси загинал во катастрофална поплава, за која се смета дека била предизвикана од тропска бура.
Милиони години подоцна, неговото коскено ткиво помогнало да се обезбедат важни докази дека овие диносауруси се движеле во огромни стада.
Но, дијагнозата на овој диносаурус, редок рак на коските што почесто се среќава кај децата и е дијагностициран кај околу 25.000 луѓе годишно низ светот, била поставена дури во 2020 година. Ова е првпат да биде дијагностициран рак кај диносаурус, а бил потребен цел тим од научници за да го потврдат случајот.
Со децении, палеонтолозите и палеопатолозите (научници кои ги проучуваат античките болести и повреди користејќи фосили), сугерирале дека постоел рак кај диносаурусите.
Резултатите од овие истражувања откриваат претходно непознати детали за тоа како живееле диносаурусите. Некои тврдат дека тоа би можело на медицинските професионалци да им даде нови сознанија за болестите кои нè засегаат и денес.
Извор:
ВВС
Фото:
Wikipedia