Со векови ракописот „Војнич“ се сметал за книга што ниеден човек не ја разбира, но сега конечно може да биде прочитана благодарение на машините што се измислени по половина милениум откако е напишана.
фотоизвор: Beinecke Rare Book & Manuscript Library
Често се нарекува најмистериозната книга на светот, содржи 240 страници со криптографски текст напишан на непознат јазик, а има и чудни дијаграми и илустрации. Многумина се обиделе да ја откријат тајната на ракописот, но без успех. Сега, благодарение на компјутерските научници од Канада, изгледа дека има начин да се дешифрира ракописот. Истражувачи од Универзитетот во Алберта користеле вештачка интелигенција за да декодираат делови од ракописот користејќи ја техниката наречена алгоритамско дешифрирање. Тие потенцирале дека се работи за комплексен процес и откривањето на содржината е вистински предизвик. Со алгоритамот се тестирале 380 различни преводи од Универзалната декларација за човекови права, па системот точно го идентификувал изворниот јазик во 97% од времето. Се фокусирале на страниците што сметале дека е можно да се на арапски јазик, но вештачката интелигенција не се согласила со тоа, покажувајќи дека изворот најверојатно е хебрејски.
Дешифрирањето на првите 10 страници довело до измешани резултати. Над 80% од зборовите биле во хебрејски речник, но не е познато дали заедно имаат смисла. Според вештачката интелигенција, почетните зборови на книгата се: „Таа му даде предлози на свештеникот, човекот на куќата, мене и на луѓето“.
Интересно е и тоа што на цртежите често се забележуваат растенија. Тимот на истражувачи се согласува дека е потребна асистенција и од хебрејски историчари за да се продолжи со дешифрирањето.
Истражувачите потенцираат дека ова е добар почеток, а доколку во процесот учествуваат лица кои се историчари и го знаат хебрејскиот јазик, може да се постигне и поголемо декодирање на зборовите во ракописот.