X
 29.03.2024 Наука

Речиси никој не знае која е најскапата работа на светот: Само еден грам чини 130 милиони евра

Кога ќе помислите на најскапата супстанција на светот, што е првото нешто што ви паѓа на ум? Можеби злато? Можеби тартуф? Некои велат шафран. Дијаманти? Што и да помисливте, не сте ни блиску до одговорот.

Индустриските материјали како платина или тритиум, кои се користат за изработка на светлечки знаци, се повисоко на листата. Има и некои нелегални супстанции кои исто така имаат многу високи цени за грам. Но, ниту една од нив не е ни блиску до материјалот за кој можете да добиете 130 милиони евра за грам. Па која е оваа супстанција што може да достигне толку неверојатно висока цена?

Добила интересно име, а се работи за „фулерени со атоми на азот во нив“. Но, зошто фулерените со азотни атоми во нив се толку енормно скапи? Тоа е поради намената, односно за што би можел да се користи материјалот во иднина, или подобро кажано, што би овозможила технологијата што со оваа материја би можела да се развие.

Зошто се толку скапи?

Фулерените со атоми на азот во нив имаат потенцијал да направат многу мали и многу прецизни атомски часовници. Атомските часовници се клучен дел од работата на ГПС-системот, што ги прави исклучително важни за навигацијата. Проблемот е што моментално атомските часовници се прилично големи - зборуваме за големина на соба.

Но, користењето фулерени со атоми на азот во нив може да помогне сегашните атомски часовници да изгледаат како стари компјутери на ИБМ, за разлика од модерниот паметен телефон. Ова може да има огромни импликации за начинот на кој ги користиме атомските часовници, проширувајќи ја нивната употреба надвор од навигацијата.

Доволно мал атомски часовник може да се користи за прецизно одредување на позицијата на нешто, како и елиминирање на слепите точки на ГПС со вградување на атомскиот часовник во уредот.


Фулерените со атоми на азот во нив се развиени од научници од „Оксфорд“ во компанијата „Дизајнер карбон материјалс“ и тие веруваат дека во иднина дури и паметните телефони би можеле да имаат атомски часовник во нив. Интересно е што името на материјалот, особено делот „фулерени“, директно произлегува од неговата структура.

Тоа е „кафез“ од јаглеродни атоми со еден атом на азот во нив. Името „фулерени“ се однесува на овој „кафез“ и потсетува на архитектот и филозоф Ричард Бакминстер Фулер, кој е познат по неговите дизајни со карактеристични испреплетени триаголници во геодетска купола.

Извор: Klik.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука