X
 19.02.2024 Живот

Цел град од 20.000 луѓе сместен во една зграда

Можеме да се обложиме дека никогаш не сте виделе вакво нешто освен во филмовите - станбената зграда „Риџент интернешнл“ во централната деловна област на кинескиот град Хангџоу е дом на 20.000 луѓе, што ја прави една од најгусто населените области во светот.

Импресивната зграда е висока 206 метри, има 39 ката, дизајнирана е како луксузен хотел и може да прими до 20.000 луѓе.

Жителите на оваа џиновска зграда имаат на располагање огромен центар за храна, базени, фризерски салони, салони за маникир, супермаркети, интернет-кафулиња итн. Со оглед на тоа што речиси сѐ им е на дофат на раката, нема многу причини луѓето да ја напуштат зградата, па голема е веројатноста да има и такви што никогаш не излегле надвор.

@fatheristheone The Regent International apartment in Hangzhou, China is famous for having a lot of inhabitants comparable to a small town, around 20,000 #unreal #😎 #followme #love #free #forever #friends #earth #biggest#apartments#hangzhou #china ♬ original sound - father is the one
Зградата беше свечено отворена во 2013 година и е дизајнирана од Алиша Лу, позната по вториот хотел со седум ѕвезди во светот „Сингапур Сандс“. Во него претежно живеат студенти и млади професионалци како инфлуенсерите.

Според статија од кинеската новинска агенција „Сина“, помалите станови без прозорци обично се изнајмуваат за околу 200 евра месечно, додека поголемите станови со балкони може да се изнајмат за 522 евра месечно или повеќе.

Со повеќе од 260.000 квадратни метри простор, „Риџент интернешнл“ е една од најголемите во Кина. Сликите и видеата од импресивниот објект кружат на социјалните мрежи, а луѓето се зачудени како толку многу луѓе можат да живеат на едно место.


Сепак, иновативниот пристап кон урбаното живеење, кој буквално создаде самостоен екосистем, доби многу пофалби. Се одликува со беспрекорна мешавина на станбени, комерцијални и рекреативни простори, а некои ја опишуваат како „најодржлива станбена зграда на земјата“. Многумина ја споредија со оддалечениот град Витиер, Алјаска, каде што сите 272 жители живеат во истата 14-катна кула.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Screenshot/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот