X
 16.01.2024 Живот

Град на духови во кој никој не сака да живее: Нуди бесплатно сместување за секој што сака да се пресели

Како ви звучи идејата за бегство во град во кој природата е недопрена и никој не живее?

Веројатно веднаш помислувате на свеж воздух, мирис на полски цвеќиња, локална храна и долги прошетки во борова шума.

Звучи добро, но таквиот живот може да има одредени недостатоци. Некои од нив се, на пример, лошата конекција на интернет, немање забава и најважното: што да се работи таму и каде да се вработите?

Еден од најдобро зачуваните „градови на духови“


Американските власти имаат решение за овој проблем, но се чини дека никој не сака да дојде тука, иако нудат бесплатна соба и пансион, како и дополнителен надомест за секој што ќе сака да се пресели.

Основан кон крајот на 119 век како рударска населба посветена на експлоатацијата на злато, до крајот на минатиот век градот имал речиси 1.000 жители. Неговата локација високо во планинскиот венец го правел транспортот предизвик, но Гарнет сепак цветал.

Златото пресушило, а судбината на градот ја решиле двете светски војни

Гарнет некогаш бил жив град, а во неговиот најславен период имал хотел, пошта, училишта, јавна куќа, лекарска ординација, месарница и десетици салони.

Но, кога пресушиле резервите на злато, градот полека почнал да опаѓа. Брз пад доживеал во 1912 година, откако огромен пожар го уништил најголемиот дел од градот.

Во доцните 30-ти години, кога светската сцена на златото почнала да расте, некои рудари се вратиле и се обиделе да се населат во зградите, но напорите биле краткотрајни.

Градот бил целосно напуштен во раните 40-ти, а во 1960 година американската сојузна држава Монтана го прогласи рудникот за мртов.

Локалните власти со години се обидуваат да ги охрабрат луѓето да се преселат во напуштениот град Гарнет, кој се наоѓа во идиличен планински амбиент.

Сепак, се чини дека никој не е подготвен да ги прифати нивните услови - бесплатно сместување и храна.

Зошто властите сакаат да ја населат оваа област?

Со текот на времето, градот стана туристичка атракција, а за нормално функционирање на туризмот, потребни се водичи и вработени кои ќе продаваат сувенири и ќе ги информираат посетителите.

Сепак, неколку луѓе ја прифатија понудата и се преселија таму.

Иако во Гарнет нема вода за пиење или пристап до интернет, многу од нив наведуваат дека доаѓаат тука за да се одморат во целосна изолација и да го најдат својот мир.

Мал број посетители од целиот свет

Веб-страницата на Државниот туристички одбор на Монтана, каде што се наоѓа Гарнет, се фокусира на исклучително добро зачуваната слика од американската историја што посетителите можат да ја доживеат во градот.

Сепак, историската автентичност на градот и неговата близина до природата се доволна причина луѓе од целиот свет да се враќаат таму секој година.

 

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот