X
 19.03.2016 Живот

Кажи ми што направи денес, а јас ќе ти кажам кој си

„Среќа е кога она што го мислите, велите и правите се во хармонија“, Махатма Ганди.

Ганди целосно бил во право. Кога не постапувате во согласност со вашите вредности и цели, тогаш вие се соочувате со внатрешен конфликт.

Знаете дека треба да направите нешто без разлика дали тоа е работење на нов проект, јадење здраво, посветување внимание на вашите сакани  или други работи - и свесно постапувате на контрадикторен начин.

Го оправдувате вашето однесување и се убедувате себеси дека сте на правилниот пат кон вашите соништа. Но, еден искрен поглед во огледалото ќе открие дека се залажувате себеси.

Вашето однесување директно ги прикажува вашите резултати. И кога свесно се саботирате себеси, не можете да имате самодоверба. А вашата самодоверба одредува колку ќе бидете успешни. Наместо да сте самоуверени, вие имате депресија и сте збунети.

Со тоа, нормално дека вашето однесување е контрадикторно на вашите вредности и цели. Совршенството не треба да биде објективно. Сепак, конзистентноста и спроведувањето на вредностите и целите создаваат значителен интензитет и резултати.

Не постои друг начин - ако сакате да бидете успешни, мора да дејствувате и да делувате успешно. Сите имаме по 24 часа на располагање секој ден. Ако вашите денови не се цврсти, тогаш и вашиот живот нема да биде цврст. Откако ќе ги совладате вашите денови, успехот е неуспешен.

Па, каков беше вашиот ден денес?

Погледнете наназад на сите работи кои сте ги направиле денес. Дали се однесувавте како личноста која посакувате да бидете? Ако го повторувате денес секој ден во текот на следната година, каде ќе завршите?

Ако навистина сакате да ги реализирате вашите соништа и цели, колку различно би изгледал вашиот ден од она што изгледаше денес? Со цел да ги реализирате вашите соништа, како треба да изгледа еден „нормален“ ден?

Кои активности треба да се случат во текот на денот за вие да живеете онака како што сакате да живеете? И дали се доближувате до совршениот живот?

Вашиот идеален ден треба да биде врз основа на вашиот поглед кон „добриот живот“. Вие сте единствената личност која може да ја дефинира среќата и успехот за себеси.

Колку често го живеете вашиот идеален ден?

Ако можете постојано да го живеете вашиот идеален дел, каде би биле една година од сега? Каде би биле за пет години?

Повик за акција:

- Издвоите неколку минути за да замислите како ќе изгледа вашиот идеален ден;
- Направете листа на активности кои би биле во вашиот идеален ден;
- Започнете да следите како ги поминувате вашите денови. Откако ќе започнете со следење на времето и станете свесни, ќе бидете изненадени колку внатрешен конфликт имате.

Иако се чини дека е полесно да се каже отколку да се направи, сепак возможно е да живеете свесно. Возможно е да ги замените лошите навики со добрите навики. И возможно е да станете личноста која сакате да бидете.

Теорија на мотивација и саморегулација

Кога вашите цели се специфични, суштински мотивирани тогаш можете да продолжите се` додека не успеете. Ако ви недостасува мотивација, тогаш постои проблем со вашите цели. Или имате погрешни цели, или тие не се доволно специфични.

Според истражувањата, само-регулирањето е психолошки процес кој детектира недоследност меѓу вашите цели и однесувањето. Тоа е мотивациската сила која ни помага да стигнеме од местото кадешто сме, до местото кадешто сакаме да бидеме.

Поточно, само-регулацијата функционира на три начини:

Самоконтрола: одредува колку добро работите во моментот;
Самоевалуација: одредува колку добро работите во споредба со вашите цели;
Самореакција: одредува како мислите и чувствувате спротивно на вашите цели. Кога се чувствувате задоволни со вашата работа, самореакцијата ве турка да ги пренамените вашите ресурси на мотивација.

За да ги постигнете целите и радикално да ги надминете, потребно е да направите повеќе напори отколку што ви се чини. Поголемиот дел од луѓето го потценуваат напорот потребен за да ги постигнат своите цели. Наместо да очекувате идеални услови, планирајте за најлошото. Наместо да потценувате колку време и напори се потребни за нешто, обидете се да ги процените работите.

Се разбира, постигнувањето на вашите цели не е лесно. Ако беше, сите би биле успешни. Луѓето често не успеваат да се справат со саморегулаторните проблеми, додека се обидуваат да ги реализираат целите.

Одговорот е она што психолозите го нарекуваат намери на имплементација, и тоа јасно може да се види меѓу спортистите. Кога еден тркач поставува рок, тој претходно ги утврдува условите во кои тој би се откажал.

Ако претходно не ги одредите условите во кои би можеле да се откажете, тогаш ризикувате да се откажете многу порано. Не само што ви се потребни условите во кои нема да се откажете, туку потребно е и претходно планирано однесување кон целта кога ќе се судрите со спротивните услови.

Не е доволно само да сакате да успеете. Мора да планирате и да се подготвите за најлошото. Потребно е да се подготвите за оние моменти кога не сте мотивирани.

...Каков беше вашиот ден денес?

А вчера?


Насобирате доволно утрешнини, а сепак пронаоѓате дека сте собрале многу празни вчера. Победниците се однесуваат како победници пред тие да започнат да победуваат. Ако не реагирате како победник денес, тогаш нема да бидете победник утре.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот