X
 19.03.2024 Наука

Температурата на површината на океаните достигна 21,2 степени, соборувајќи го минатогодишниот рекорд

Просечната дневна температура на површината на океаните во светот во март го собори рекордот поставен во 2023 година, достигнувајќи ја највисоката температура досега забележана од 21,2 степени.

Според податоците на Универзитетот во Мејн и Националната океанска и атмосферска администрација на САД (NOAA), глобалното затоплување исто така доведе до зголемување на температурите на површината на океаните.

Според податоците, највисоката температура на океаните во 2023 година е измерена во август од 21,1 степен, додека овогодишниот рекорд на температурата на површината на океанот од 21,2 степени е соборен уште во март.

Грегори С. Џонсон, вработен во NOAA, изјави за Си-ен-ен дека просечната глобална температура на океаните измерена во 2023 година е за 0,25 степени повисока отколку во 2022 година, а ова зголемување одговара на 20 години затоплување за една година.

Џонсон изјави дека очекуваат овие рекордни температури да продолжат да се бележат со зголемување на концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука