X
 19.10.2019 Живот

Нуркач убедил мал октопод да се откаже од пластичната чаша што му била дом

Не поминува ден, а да нема вест за тоа како отпадот го наоѓа својот пат во океаните. Но, по секоја приказна сè повеќе и повеќе луѓе се трудат да преземат акција и да го намалат загадувањето со пластика.

Денес, активистите проценуваат дека има над 260.000 тони пластичен отпад во океаните. Не само што различните видови пластика и боја ги загадуваат водите, туку се и опасни за морскиот свет.

Но, оваа прекрасна приказна служи како пример и потсетник за тоа како треба да се грижиме за животинскиот свет во океаните. На видеото е прикажан нуркач во Индонезија кој се обидува да убеди октопод да ја замени пластичната чаша што му служи како дом со неколку школки од морето.

Сигурдсон е инженер и љубител на нуркањето и сака да ги снима животните со кои се среќава во подводните авантури.

- Третпат нуркавме тој ден и сите веќе станувавме уморни. Другар ми ми испрати сигнал дека пронашол октопод, па ме замоли за помош. Не ми беше чудно што октоподот си направил дом од отпад. Тие се паметни животни и ја користат животната средина во своја полза, а отпадот сега е постојан дел од нивната околина. Сепак, октоподот со неговите меки пипала не знаеше дека чашата не нудеше никаква заштита - раскажува тој.

Сигурдсон и другите нуркачи на крајот успеале да го убедат октоподот да се откаже од чашата.

Тие му понудиле неколку школки, па така октоподот избрал една.

„Amphioctopus marginatus“ или кокосови октоподи се родени со инстинкт да се заштитат себеси и да си направат подвижен дом. Но, во отсуство на природни материјали тие користат сè што ќе најдат, како што се празни пластични чаши.

Чашите не се никаква заштита затоа што се транспарентни, а постои и опасност предаторите да го изедат октоподот заедно со пластиката.

Пластиката е примарен загадувач на океаните. Секој од нас има потенцијал да ги направи океаните подобро место за живеење за сите.

- Поголемиот дел од отпадот тоне. Луѓето зборуваат само за деловите што можат да ги видат. Но, тоа е само гребење на површината на проблемот - вели Сигурдсон.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот