X
 19.04.2019 Технологија

И Русија доби водител-робот

Хуманоиден робот со име Алекс почна да ги чита вестите за руската државна телевизија „Раша 24“. Водителот со силиконско лице презентираше некои обични вести, а зборуваше и за шокантен случај во кој опозициски активист наводно клоцнал улична мачка.

Хуманоидниот презентер бил направен од страна на рускиот стартап „Промобот“. Лицето на Алекс се движи благодарение на 29 мотори и е моделирано да изгледа како основачот на компанијата, Алексеј Јужаков.

Според компанијата, развојот на Алекс чинел повеќе од милион рубли (15.600 долари), а „Промобот“ примил нарачки на уште 12 хуманоиди.

Од телевизијата истакнаа дека нивниот најнов презентер е од руско потекло и дека софтверот и речиси сите компоненти биле произведени во земјата.



Тука може да се спомене еден сосема неповрзан пример за руските роботи на државните телевизии. Имено, во декември минатата година „Раша 24“ прикажа снимка од хуманоиден робот наречен „Роботот Борис“ на сцена на младински форум за роботика. Но, на крајот излезе дека тоа е човек во костим.

Како и да е, Алекс дефинитивно е робот. Барем се надеваме дека е така.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија