Златото останува важна резерва, која служи како заштита при економски кризи. Во 2023 година, среде геополитичките ризици, металот уште еднаш се покажа како важен и во декември достигна нов рекорд на вредноста.
Во овој графикон направен од Сем Паркер се прикажани првите 11 земји со најголеми резерви на злато заклучно со септември 2023 година, врз основа на податоци од централните банки, Банката на федерални резерви во Сент Луис, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Светскиот совет за злато.
Поголемиот дел од светското злато е складирано на неколку локации, вклучително во визбите на централните банки, приватни складишта и резерви на накит.
Земјите имаат резерви на злато поради повеќе причини. Прво, златото служи како стабилна и сигурна резерва, зајакнувајќи ја довербата во економската стабилност на земјата, особено во времиња на финансиска несигурност. Дополнително, некои земји сѐ уште ги сметаат резервите на злато за клучни за одржување на стабилноста на валутата. Моментално околу една петтина од златото што некогаш било ископано го држат централните банки.
Соединетите Американски Држави имаат најголеми резерви на злато со 8.133 тони кои се чуваат во 12 банки на федерални резерви низ државата.
Русија и Кина се најголемите купувачи на злато во последните две децении. Народната банка на Кина беше најголем купувач на злато минатата година, кога купи 225 тони.
Седум од првите земји на листата со најголеми резерви на злато исто така се меѓу првите 10 најголеми економии.
Погледнете кои земји имаат најголеми резерви на злато.
Фото: Visual Capitalist (printscreen)
За поголема резолуција, кликнете на сликата
Извор:
Visual Capitalist
Насловна фотографија: Freepik