Срцевиот удар е една од најсмртоносните здравствени состојби што се тешки за предвидување и спречување. Ново истражување претставува технологија која користи вештачка интелигенција за предвидување срцев удар.
Вештачката интелигенција била тренирана да предвиди срцев удар врз основа на фотографии од срцето на повеќе пациенти и здравствената заднина на пациентите.
Според истражувањето, технологијата може попрецизно да предвиди срцев удар од доктор бидејќи препознава шеми кои не може да ги види човекот.
- Има пациенти со мал ризик од ненадејна смрт од срцев удар на кои се користат дефибрилатори кои не им требаат, а има високоризични пациенти кои не го добиваат потребниот третман и може да починат во најдобрите години од животот. Она што нашиот алгоритам може да го направи е да одреди кој има ризик за смрт од срцев удар и кога тој ќе се случи, со што им се овозможува на докторите точно да одредат што треба да направат - изјавила Наталија Трајанова, автор на истражувањето.
Истражувачите сега работат на пренаменување на алгоритамот за предвидување други болести.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay