Начинот на кој го поминувате првиот час по будењето ќе го направи или упропасти остатокот од вашиот ден. Доколку постојано трчате на појадок и низ вратата за да стигнете на работа, можеби е време за промена. „Колектив еволушн“ нудат неколку утрински ритуали кои ќе ви помогнат подобро да го започнете секој нов ден.
Намалете ја тензијата
Штом се разбудите, станете од креветот и седнете на удобно столче или кауч. Исправете се и забележете како се чувствува вашето тело. Чувствувајте ги местата кои ве болат и насочете го дишењето кон секое место посебно.
Медитација
Едноставно „гуглање“ ќе ви даде стотици истражувања за позитивните влијанија на медитацијата. Од зголемување на сивата материја до намалување на болката и подобрување на расположението, медитацијата не погрешува. Утринската медитација се препорачува поради сите овие причини.
Поздравете го Сонцето
Поздравите кон Сонцето се едноставни пози од јога. Еден експерт за јога кажал дека „5 поздрави кон сонцето дневно може да го променат целиот живот“.
Чи-Гонг
Се работи за кинески метод на физички вежби и вежби за дишење. Овие вежби го подобруваат здравјето на коските, квалитетот на животот, го намалуваат крвниот притисок, го намалуваат стресот и ја подобруваат когнитивната работа.
Како сакате да се чувствувате денес?
Намерата за целиот ден одредете ја уште наутро. Што сакате да имате повеќе? Среќа? Исполнетост? Љубов? Забава? Замислете дека го чувствувате тоа што го посакувате на неколку минути.