X
 22.10.2023 Живот

Дали вашиот мозок сѐ уште е во форма? Тестирајте ја вашата меморија и научете како да ја подобрите

Со оглед на сепирустната употреба на паметните телефони, многу луѓе забележуваат дека нивната меморија се влошува. Но, Честер Сантос, човекот со најдобра меморија на светот, споделува едноставен тест за меморија и вели дека меморијата може да се подобри со едноставни вежби.

Еве како да го направите тестот:

Прочитајте ги овие 14 збора (најмногу двапати) и обидете се да ги запомните: мајмун, пегла, врвка, змеј, куќа, хартија, чевел, мравка, обвивка, молив, река, камен, дрво, сирење.

Потоа, на хартија напишете ги зборовите што ги запомнивте и избројте на колку сте се сетиле.

Резултати од тестот:

1 до 5 збора: Ако сте запомниле до 5 збора, вашата меморија е под просекот.

6 до 8 збора: Имате просечна меморија, што е добро, но можете да ја подобрите.

9 до 12 збора: Имате одлично помнење, а паметните телефони не влијаеле значително врз вашата способност за помнење.

Од 13 до 14 збора: Одлично помните, и вашата способност за помнење може да биде корисна алатка за постигнување деловен успех.

Сантос тврди дека сите имаат одлична меморија, само треба правилно да ја користат. Исто така, нуди неколку совети за подобрување на меморијата, вклучувајќи:

Претворање на зборовите во слики - користете визуализација за да претворите сѐ во слика.

Употреба на повеќе сетила
- активирајте што е можно повеќе сетила, вклучувајќи мирис и слух за да ја подобрите меморијата.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот