Јас: Здраво убавецу.
Мозокот: Што има душо?
Јас: Би било навистина одлично доколку ми дадеш некоја идеја. Се чувствувам дека не сум добра во пишувањето како што бев пред еден-два месеци.
Мозокот: Добро, еве идеја. Ајде да гледаме „Netflix“.
Јас: Ама...
Мозокот: Или ајде да одиме во теретана. Некој го прошетал кучето денес? Ајде да го направиме тоа. Сакам кафе. Ајде да одиме во кафулето на аголот. Ммм, мислам дека треба и да поднаучиме нешто. Чоколадо! Ууу, знам. Ајде да го однесеме кучето во кафулето, да го земеме кафето дома, да седнеме пред лаптоп и да гледаме серија.
Јас: Добро, но прво треба да ми дадеш идеја за да започнам со пишување.
Мозокот: Не.
Јас: Ова е тоа за кое луѓето постојано зборуваат? Блокирање на писателот?
Мозокот: Можам да се обложам дека е тоа.
Јас: Добро. Те сакам.
Мозокот: Кхм, само пријатели сме.
Јас: Ох, добро тогаш. Претпоставувам станува збор за недоразбирање.
Мозокот: Немој да станеш хистерична сега, добро?
Јас: Мислев дека последниве неколку години поминати заедно значат нешто!
Мозокот: А јас мислев дека нема да ставаме „етикета“ на ништо!
Јас: Заборави, ќе одам кај мајка ми.
Мозокот: Не го прави тоа. Немој да си одиш.
Јас: Можам што сакам да прав-
Мозокот: Ако само ме ислушаш барем едн-
Полицаецот: Отвори! Полиција!
Јас и мозокот: Види сега што направи!
Моето куче: Ав?!