Европската вселенска агенција, во партнерство во Јапонската агенција за вселенски истражувања ќе ја лансираат „Бепи Коломбо“ мисијата на планетата Меркур.
Мисијата доаѓа 25 години откако група на научници прво ѝ предложиле на Европската вселенска агенција да испрати летало на Меркур и 18 години откако Европската вселенска агенција го одобри проектот.
Зошто баш Меркур?
Затоа што станува збор за мистериозна планета. „Месинџер“ на НАСА откри многу причини зошто научниците сакаат да научат повеќе за оваа планета. Ова го вклучува невообичаеното големо јадро на планетата - научниците не знаат зошто е растопено и може да генерира магнетно поле, за разлика од Марс или Венера. Друга мистерија е изобилството (во голема мера неиденфитикувано) на испарливи супстаници на неговата површина. Ова не треба да го има на планета толку блиску до Сонцето, како што е Меркур.
Се очекува ракетата до планетата Меркур да стигне по седум години.
Проучувањето на својствата на Меркур ќе им помогне на астрономите да дознаат повеќе за раното формирање на внатрешните планети, во кои спаѓаат Меркур, Венера, Земјата и Марс. Тоа пак, може да им помогне на астрономите да утврдат дали планетите како што е нашата се чести во вселената.
Испитувањето на Меркур од Земјата е тешко поради големата светлина на Сонцето. Исто така, тешко е да се испрати вселенско летало на планетата, поради огромната гравитација на Сонцето.
Европската вселенска агенција никогаш нема испратено летало толку блиску до Сонцето и досега имало само две мисии на
Меркур, и двете изведени од НАСА. Првата беше „Маринер 10“, кој ја надлетувала планетата во 1974 и 1975 година, а втората беше „Месинџер“, кој сè уште е во тамошната орбита.