X
 19.05.2022 Економија

Кој плаќа најскапа струја во Европа?

Данците плаќаат најскапа струја во Европската Унија и околината, покажуваат податоци од „Еуростат“.

Цената на електрична енергија во Данска во втората половина на 2021 изнесувала 0,3448 евра (21 денар) за киловат-час. Следуваат Германија со цена од 0,3234 евра за киловат-час, Белгија со 0,2994 евра за киловат-час, Ирска со 0,2974 евра за киловат-час и Шпанија со 0,2816 евра за киловат-час.

Од друга страна, струјата била најевтина во втората половина од 2021 во Косово, каде што изнесувала 0,0607 евра на киловат-час.


Фото: Pixabay

Просечната цена на струјата за домаќинствата во вториот дел од 2021 во ЕУ изнесувала 0,2369 евра за киловат-час.

Според податоците од „Еуростат“, просечната цена на струјата во Македонија во втората половина од 2021 изнесувала 0,084 евра (5 денари) за киловат-час. До крајот на 2021 г. високата тарифа за електрична енергија во нашата земја изнесуваше 6,69 денари за киловат-час, а ниската 3,36 денари за киловат-час.

Од 1 јануари високата тарифа за електрична енергија во Македонија изнесува 7,32 денари за киловат-час, а ниската тарифа изнесува 3,67 денари за киловат-час. 

Извор: Eurostat
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија